Возрасна жена избркала млада девојка од плажа - причината е бизарна, или...?

Точка

04/05/2021

16:44

8.689

Големина на фонт

а а а

Девојката Савана Смит со корисниците на социјалните мрежи го споделила своето најново искуство од плажа.

Имено, една повозрасна госпоѓа со дете имала замерка на нејзиниот костим за капење, кој, според неа, премногу откривал.


„Ми рече дека не сака да ми го гледа голото тело и задникот, иако во тие моменти лежев на грб и никако не можеше да се види мојата позадина“, навела таа.


Потоа го покажала своето 'оскудно' бикини, наведувајќи дека нема никаков проблем со овој костим за капење.

„Ѝ реков на госпоѓата дека не ми е јасно што треба да покријам, на што таа ми одговори дека не сака да ме гледа таква на плажа и дека сака да си одам“, додала Савана, а под видеото има коментари со поддршка за девојката, која, според многумина, немала безобразно бикини.





Спонзорирани линкови

Маркетинг