"SpaceX" е подготвен за нови рекорди: "Crew Dragon" минал рекорден период во вселената, а мисиите само што започнале

Точка

04/05/2021

13:44

5.162

Големина на фонт

а а а

Капсулата "Crew Dragon" во орбитата била 168 дена, додека претходниот рекорд бил 84 дена, поставен во 1974-та година.

Компанијата "SpaceX" со својата "Crew-1" мисија поставила нов рекорд кога станува збор за должината на мисијата на едно вселенско летало.

Американската вселенска агенција НАСА потврдила дека мисијата "Crew-1", чиј екипаж во текот на викендот се вратил од Меѓународната вселенска станица, поставила нов рекорд кога станува збор за должината на мисијата на едно американско летало, пишува "engadget.com", повеќе јазична технолошка блог мрежа.


Мисијата "Crew Dragon" во капсулата "Resilience" во орбитата траела 168 дена, а на Земјата се вратила во текот на викендот слетувајќи во морето во близина на брегот на Флорида. Претходниот рекорд во 1974-та година го поставил екипажот на "Skylab", чија мисија траела 84 дена.

Од НАСА истакнуваат дека истовремено станува збор за прво ноќно слетување на американско вселенско летало од слетувањето на "Apollo 8" океанот во 1968-ма година.


Постигнувањето не е во целост неочекувано со оглед на тоа дека екипажот на "Crew-1" на Вселенската станица требало да мине околу шест месеци, спроведувајќи разни експерименти, вселенски прошетки и останати активности на Меѓународната вселенска станица.

Мисијата на екипажот "Crew-2", која неодамна започнала, требало да трае еднакво долго.

Треба да се истакне дека завршената мисија претставува значајна пресвртница. Покажува во која мера вселенските летови еволуирале во последните 50 години и докажува дека приватните вселенски летала им дораснале на некои од потешките задачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг