Во Албанија започна НАТО воена вежба, учествуваат 28 илјади војници: Рама им се заблагодари на Американците

Точка

04/05/2021

13:57

1.613

Големина на фонт

а а а

Во Драч денеска започна воената вежба на НАТО Алијансата „Бранител на Европа 2021“ во која учествуваат повеќе од 28 илјади војници од 27 држави.

Инаку, воените вежби се изведуваат на повеќе од 30 полигони во 12 држави. Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека воената вежба е историски момент и дека нејзината цел е да ја демонстрира подготвеноста на САД за интеракција со партнерските армии на НАТО со цел да се зголеми безбедноста на Западен Балкан и Црното море.

Тој се заблагодари што САД ја избрале Албанија за одржување на воените вежби, оценувајќи дека тоа ја докажува цврстата врска помеѓу двете земји.

Албанскиот премиер изјави дека во воената вежба ќе учествуваат илјада албански војници.

Само во последните неколку дена голем број на возила на американската армија пристигнаа во Драч, а пристигнаа и околу 700 парчиња воена опрема од Националната гарда на Флорида која ќе биде користена во текот на двонеделната вежба во која ќе учествуваат 6 илјади американски војници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг