„Marvel Studios“ конечно ги покажа првите кадри од „Eternals“ - долгоочекуваниот филм на наградената режисерка со Оскар, Клои Жао.
Освен фотографиите кои фрлаат поглед кон претстојниот блокбастер, „Marvel“ овие денови го откри и името за продолжението на „Black Panther“, „Black Panther: Wakanda Forever“, како и името за продолжението на „Captain Marvel“, „The Marvels“.
'Eternals' (2021) ??
— Post Cred Pod (@PostCredPod) May 3, 2021
Dir. Chloe Zhao
DP. Ben Davis pic.twitter.com/eUo5BpoGpk
Студиото кое што е во сопственост на „Disney“ исто така ги покажа и службените логотипи за двата филма, како и за некои други кои што треба да излезат од нивната продукција.
„Marvel Cinematic Universe“ ќе продолжи со емитување на првата сезона на „Loki“ на 11 јуни, по што ќе следи излегување на долгоочекуваната „Black Widow“ на 9 јули, пренесува „Bro Bible“.
Инаку, во „Eternals“ ќе глумат Анџелина Џоли, Ричард Мeден, Селма Хаек, Кит Харингтон и други познати актери.
Според претпоставките филмот би требало да се промовира во месец ноември.