Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Макфакс

04/05/2021

12:30

729

Големина на фонт

а а а

Делегации од Владата и од kабинетот на ппретседателот на државата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118-годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопштија од Владата.

И делегација од kабинетот на претседателот на Македонија предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг