ПСЖ без Мбапе против Манчестер сити

Макфакс

04/05/2021

11:23

601

Големина на фонт

а а а

ПСЖ, вечерва гостуваат на „Етихад“, кај Манчестер сити, во полу-финалниот реванш, во Лигата на шампионите. „Светците“ ќе имаат тешка задача да се изборат за пласман во финалето, бидејќи првиот меч одигран пред шест дена во Париз им припадна на фудбалерите на Манчестер сити (2:1).

ПСЖ во финалето ќе одат доколку забележат победа од два гола, или доколку победат со гол разлика, но тогаш треба да постигнат повеќе од два гола.

Математиката е јасна, на ПСЖ им се потребни голови, а до нив веројатно ќе треба да дојдат без помошта на најдобриот стрелец Килијн Мбапе.

Францускиот репрезентативец, синоќа тренирал одвоено и споре медиумите тој нема да биде во почетниот состав на ПСЖ.

Тренерот Маурисио Покетино, наводно го подготвил тимот со Ди Марија, Дракслер и Нејмар, кои треба да му бидат поддршка на напаѓачот Мауро Икарди.

Француските медиуми најавуваат дека овие 11 ќе го започнат вечерашниот дуел.

Навас – Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало – Паредес, Верати – Ди Марија, Дракслер, Нејмар – Икарди.

Натпреварот на „Етихад“. ќе започне во 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг