Мексико: Несреќа на метро линија - 20 починати, 49 во болница

Точка

04/05/2021

10:28

1.420

Големина на фонт

а а а

Најмалку 20 лица ги загубиле своите животи, а 49 биле хоспитализирани кога се урнал надвозник на метро станица во Мексико Сити, соопштиле локалните власти.

Спасувачките акција за извлекување на патниците накратко биле сопрена поради страв дека надвозникот би можел да се доруши.

Локалната "ТВ Миленио" прикажала снимка на која се гледа дека во околу 22:30 часот по локално време надвозникот се урнал на автомобилите кои се движеле под него, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат и медицински екипи и пожарникари кои бараат преживеани, пренесува "Reuters".

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум на Твитер напишала дека дошла на местото на несреќата, дека 15 лица загинале и дека еден автомобил е заробен под урнатините, а нешто подоцна потврдила дека спасувачката акција накратко е сопрена поради ризик од дополнително рушење на надвозникот, како и дека се повредени дури 70 луѓе. До несреќата дошло на метри линијата број 12, која е изградена додека сегашниот министер за надворешни работи Марсело Ебрард бил градоначалник на Мексико Сити.

"Тоа што се случи денеска е ужасна трагедија. Моја солидарност за жртвите и нивните семејства", напишал Ебрард на Твитер.

Тој истакнал дека причините за несреќата мора да бидат истражени и да биде утврдена одговорност, како и дека им е на располагање на властите за секој вид на помош.




Спонзорирани линкови

Маркетинг