Васил Гарванлиев проговори за својата сексуална определба: „Во Македонија е тешко да си геј“

Точка

03/05/2021

23:00

9.892

Големина на фонт

а а а

Во интервју за британскиот магазин „Attitude“, македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев, вели дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека му е тешко да се зборува на таа тема.

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј или било што од тоа. Повеќето членови на ЛГБТИ заедницата кај нас и денес се кријат. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање. Како уметници, ние сме одговорни да зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, вели Гарванлиев во интервјуто.

За британскиот магазин раскажал дека неговата сексуална определба долго време била јавна тајна и меѓу роднините и меѓу пријателите. Иако повеќето претпоставувале дека е геј, никој јавно не зборувал за тоа.

„Мислам дека молчев до моите 27-28 години. Ќе дојдев во Македонија, и никој не зборуваше за тоа. Кога се женеше брат ми, на свадбата бев со мојот тогашен партнер, и тој седеше на масата покрај мене. Беше неверојатно бидејќи никој не коментираше јавно. Од друга страна, ни ние не викавме на глас дека сме заедно“, додава Васил.

Пејачот открил дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг