Видео: 200.000 вакцини „Синофарм“ пристигнуваат во земјата, од следната недела почнува масовна имунизација

Точка

30/04/2021

07:43

3.747

Големина на фонт

а а а

Најголемата пратка на вакцини пристигнува во Македонија.

Со оваа пратка треба да пристигнат 200.000 вакцини кои се договорени преку директни преговори со кинескиот производител "Синофарм".

Пред поликлиниката "Јане Сандански" во скопската населба Аеродром, директно обраќање ќе има Министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од вторник по празниците би почнал процесот на имунизација со овие вакцини. Тој очекува во наредниот период да се вакцинираат и по 10 илјади граѓани дневно.

Досега против Ковид се вакцинирани 60 илјади лица во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг