Наташа Фигурела за Точка ТВ: „Не сум против естетски корекции, но глупаво и чудно ми е кога сето тоа е претерано“

Точка

29/04/2021

21:29

5.764

Големина на фонт

а а а

Екипата на Точка ТВ неодамна беше во студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“, брендот кој цели 40 години успешно функционира во светски рамки.

Една од најзгодните и доста успешни дами кај нас е сопственичката на „Фигурела“ во Македонија, позитивната Наташа Петровска, која нѝ ги отвори вратите на нејзиното студио и нѝ раскажа малку повеќе што сè може да најдете внатре.

Наташа на свои 38 години изгледа неверојатно, а пред објективот на Точка вели дека токму „Фигурела“ е заслужна за нејзината одлична линија.

Еден од најголемите проблеми на девојките кога е изгледот во прашање е токму целулитот. Па Наташа ексклузивно за Точка открива дека во „Фигурела“ има нов апарат ендосфера кој е одличен во борбата против целулит, а вели дека после првиот третман - резултатите може да се забележат.

Фигурела третман, масажи, солариуми и ендосфера - тоа се третманите кои ги нуди Фигурела, а Наташа топло ги препорачува на сите дами кои сонуваат за совршен изглед.

На Инстаграм профилот на „Фигурела“ исто така има предизвик во кој сè уште може да се приклучите.

Најголема пасија на Петровска се патувањата, а во видеото откријте кое ѝ е најдраго патување, на која дестинација постојано ќе ѝ се враќа и кое место ќе го посети по пандемијата.

Преку нашиот објектив може да ѕирнете во просториите на „Фигурела“. А, нашиот совет до дамите е навреме да ја доведат својата линија до совршенство, пред летото да нѝ стапне на прагот.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk