Руската војска почнала да се повлекува од областа близу Украина

Точка

23/04/2021

12:04

2.298

Големина на фонт

а а а

Руската војска почнала денес со повлекување од граничната област со Украина, каде нејзините трупи во голем број биле распоредени со недели, соопштило Министерството за одбрана.

"Нашите единици и воени групи сега маршираат кон станиците на железниците и аеродромите", навело министерството, пренесуваат руските агенции.

Повлекувањето почнува на Крим, украинскиот полуостров кој Русија го анектираше во 2014-та година, ден по завршувањето на воените вежби во кои учествувале околу 10.000 луѓе во тој регион.

"Силите на Јужната воена област и воздухопловните сили, кои учествуваат во маневри за изненадна проверка, на 23-ти април го почнаа враќањето кон своето постојано место на распоредување", навело министерството.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој вчера присуствувал на воените вежби на Крим, објавил дека повлекувањето на војниците распоредени на Крим и на западот на Русија ќе започне денеска, 23-ти април и ќе трае до 1-ви мај. Тој рекол дека тие вежби биле вежби за изненадување за да се провери состојбата на подготвеност на руските сили.


Според министерството за одбрана, во маневрите учествувале 10.000 војници, воздухопловство, околу 40 воени бродови, ПВО и воздушно-десантни сили.

Присуството на толку голем број на руски војници во близина на Украина, која од 2014-та година се бори против проруските сепаратисти на истокот на земјата, последните недели поттикнало тензии меѓу Москва со Киев и Западот.

Украина се сомневала дека Москва подготвува инвазија. Русија тоа го демантирала наведувајќи дека маневрите не се заканувачки, туку дека се одговор на вежбите на НАТО во Европа и на украинските провокации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг