Чешка: Бројот на вработени во амбасадите нема да се менува

Макфакс

23/04/2021

11:38

823

Големина на фонт

а а а

Бројот на вработени во руската амбасада во Прага и во чешката амбасада во Москва нема да се промени, и покрај влошувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соопшти чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, во интервју за весникот „Блеск“.

„Досега, овие меѓусебни чекори за изедначување на бројот на вработени во амбасадите во Прага и Москва не влијаеја на работата на мисиите. Русија не презема чекори во однос на нашата амбасада во таа земја. Бројот на руски и чешки вработени и во двете амбасади нема да се менува“, рече Кулханек, а пренесува агенцијата ТАСС.

Чешка и Русија ќе имаат по 32 претставници во амбасадите во Москва и Прага – седум дипломати и 25 административни работници, објасни чешкиот министер.

Вработените во руската амбасада во Прага, кои ја напуштија Чешка на 22 април, можат да се вратат, што не е случај за 18 лица кои чешките власти ги прогласија за персона нон грата на 17 април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг