8 филмови кои се номинирани за овогодишните Оскари и кои задолжително треба да ги погледнете

Точка

23/04/2021

12:25

5.334

Големина на фонт

а а а

Овогодишното 93-то доделување на наградите Оскар во Лос Анџелес ќе се одржи на 25 април.

За разлика од претходните години салата нема да биде преполна и нема да се слуша громогласното ракоплескање упатено на победниците.

Поради пандемијата на коронавирусот голем број од номинираните ќе се вклучат од своите домови.

Со оглед на тоа што доделувањето на Оскарите нè очекува во недела, ова се некои од номинираните филмови кои шо треба да ги погледнете:

1. „Sound of Metal“ - номинација за најдобар филм

Главниот актер Риз Ахмед за улогата на овој филм е номинирал и за најдобра главна машка улога. Филмот ја следи судбината на Рубен, член на панк-рок бенд откако му било дијагностицирано дека го губи слухот.

2. „The Father“ - номинација за најдобар филм

И овој филм може да се пофали со номинација за најдобар филм, но и дека Ентони Хопкинс и Оливија Колман се номинирани во категориите - најдобар актер и најдобра женска споредна улога. Филмот првобитно бил изведен како претстава, а потоа адаптиран и на големото платно.

3. „Minari“ - номинација за најдобар филм

Филмот е дело за растењето и детството. Ја следи пиказната на едно корејско семејство на почетокот на 80-тите години во процесот на адаптација на американската култура и живот.

4. „Promising Young Woman“ - номинација за најдобар филм

Дебитантското остварување на актерката Емералд Фенел која што е и номинирана во категорија најдобар режисер е олицетворение на одмаздничките трилери на 80-тите години со референци на современа поп култура и романтична комедија.

5. „Another Round“ - номинација за најдобар интернационален филм

Данскиот филм на Томас Винтерберг кој што е своевидна посвета на неговата трагично настрадана ќерка го следи незадоволниот живот на професорот кој што е зависник од алкохол.

6. „Better Days“ - номинација за најдобар интернационален филм

Кинескиот романтичен трилер го следи несреќниот живот на средношколката која шо се бори со злоставување и притисок поради запишувањето на факултет.

7. „Emma“ - номиниран за најдобра шминка

Хиперстилизираната верзија на Џејн Остин ги освои симпатиите на публиката. Особено Ања Тејлор Џој која што претходната година ја гледавме во хит серијата „The Queen’s Gambit“.

8. „Soul“ - номинација за најдобар анимиран филм

Џејми Фокс во улога на Џон Гарднер е на чекор од голема музичка кариера. На патот до ѕвезда и слава најголемата препрека му е животот кој што сурово си поигрува со него. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг