Дончиќ шоу против ЛА Лејкерси

Макфакс

23/04/2021

10:15

834

Големина на фонт

а а а

Далас Маверикс забележаа победа над Лос Анџелес Лејкерс 115:110. Натпреварот во Тексас го обележа Лука Дончиќ.

Словенецот го предводеше својот тим со 30 поени, девет скока и осум асистенции. Најблиску до него беше Кристапс Прозингис со 19 поени.

Дончиќ, кој одигра брилијантен натпревар, во финишот можеше да биде трагичар. На 79 секунди до крајот, при резултат 113:106, „продаде“ топка, Андре Драмонд поентираше за Лејкерси, а потоа Словенецот не погоди за три поени, меѓутоа противниците тоа не го искористија.

Лејкерси ги предводеа Кентавијус Колдвел-Поуп со 29 и Денис Шридер со 25 поени. На овој меч во тимот на Лејкерси, се врати Ентони Дејвис. Крилниот центар, отсустуваше од тимот два месеци поради повреда.

Резултати:

Бостон-Финикс 99:86

Милвоки-Филаделфија 124:117

Орландо-Њу Орлеанс 100:135

Сан Антонио-Детроит 106:91

Чикаго-Шарлот 108:91.



Спонзорирани линкови

Маркетинг