Албанскиот омбудсман бара укинување на одлуката за карантин за лицата кои влегуваат од Македонија и Грција

Точка

22/04/2021

22:44

1.894

Големина на фонт

а а а

Омбудсманот во Албанија бара да се укине карантинот за граѓаните од Македонија и од Грција.

Тој побара поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Северна Македонија и од Грција. Наведува при тоа дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас.

Во препораката испратена до Министерството за здравство, Централната изборна комисија и Техничкиот комитет на експерти, се бара целосно и итно поништување на одлуката.

„До институцијата народен правобранител, група здруженија на албански емигранти во Грција поднесоа жалба, изразувајќи загриженост за последниот предлог на Техничкиот комитет на експерти за одредување период од две недели за албанските емигранти кои живеат во Грција, ако тие дојдат во Албанија во период на важноста на одлуката“, наведува правобранителот.

Според жалбата, стои понатаму, оваа предложена мерка го попречува и всушност го негира правото на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, што ќе се одржат на 25-ти април 2021-ва година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг