3 начини до квалитетно хидрирана кожа

Fashionel.mk

22/04/2021

20:25

2.167

Големина на фонт

а а а

Не чудете се ако кожата ви е претерано сува и дехидрирана. На неа влијае времето, условите, стресот, начинот на исхрана. Дехидрираната кожа е кожа на која и' недостасува вода или која ја изгубила способноста да ја задржува водата, па сега е затегната, сува, а кај посериозните случаи може да забележите и црвенило и лупење.

Во продолжение, три едноставни начини како да и' помогнете на кожата да биде доволно хидрирана.

Се' започнува од исхраната

Не е изненадување дека пиењето вода е на врвот на приоритети, но треба да е во комбинација со здрави дози есенцијални масни киселини. Кожата внатрешно има способност да се меша со вода и да привлекува масти, тоа значи дека ни се поттребни и двете за да биде хидрирана. Храната како јатки, семки, авокадо и риба имаат позитивен ефект врз целокупната хидратација, а воедно можете да консумирате и омега суплементи.


Држете се понастрана од активните состојки

Состојките како киселини и ретинол прават чуда за кожата и навистина се брилијантни, но се додека погрешно ги користите, ќе имате сува кожа. Важно е да се најдебалансот меѓу активните состојки, антиоксидансите и спстпјќите за заштита. Наместо AHА (алфахидроксилна киселина) внесете PHA (полихидроксилна киселина) која ги има истите својства, но има поголема молекуларна тежина па не ја иритира кожата.


Хијалуронската киселина не е единствена опција

Иако хијалуронската киселина е одлична, постојат и други состојки кои ја хидрираат кожата. Таков е глицеринот, како природен навлажнувач на кожата. Навлегува длабински во кожата и штити од иритации. Одличен е за сите типови кожа, дури и за масна и склона на акни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг