Историски подвиг на „НАСА“: Роботот произведе кислород на Марс

Точка

22/04/2021

11:59

3.091

Големина на фонт

а а а

Роверот "Perseverance" на американската вселенска агенција трансформираше јаглеород диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород, што е прва ваква трансформација направена на друга планета.

„Ова е клучниот прв чекор кон претворањето на јаглеород-диоксид во кислород на Марс“, изјави Џим Ројтер, еден од директорите во „НАСА“.

Експериментот бил направен на 20-ти април, а „НАСА“ се надева дека идните верзии на експерименталниот материјал ќе помогнат еден ден и човекот да го користи трансформираниот кислород на Марс.


Тоа на астронаутите кои ќе бидат во мисија на Марс ќе им помогне со себе да не носат големи количини на кислород за да успеат да се вратат на Земјата. Експериментот бил направен со помош на таканаречениот "MOXIE", кутија со големина на акумулатор која се наоѓа на предниот дел од роверот.

Системот користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги раздвои молекулите на CO2, создавајќи кислород од една и јаглеород-моноксид од друга страна.

Во првиот обид "MOXIE" направи пет грама кислород, што е доволно за астронаутот да дише десетина минути во нормални околности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг