Ова дефинитивно ќе го налути Ердоган: Бајден ќе го признае геноцидот над Ерменците?

Точка

22/04/2021

11:19

2.492

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден формално како чин на геноцид ќе го признае масакрот над Ерменците за кој е одговорно Отоманското царство во текот на Првата светска војна, открија извори на британската новинска агенција „Ројтерс“.

Потегот според аналитичарите ќе биде симболичен, но сепак ќе значи промена во односот на, со децении внимателно бираниот речник од страна на Белата куќа. Сето ова доаѓа во периодот кога Вашингтон и Анкара се во длабоки несогласувања поради бројни прашања.

Бајден најверојатно ќе го употреби зборот „геноцид“ како дел од изјавата на 24-ти април кога се одржува годишната комеморација за жртвите од целиот свет.

Ерменскиот холокауст: Османлискиот геноцид на првиот христијански народ за кој светот упорно молчи


Сепак, изворот за „Ројтерс“ ја остави отворена можноста Бајден да се премисли со оглед на важноста на односите помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција која и натаму го негира геноцидот иако за тоа постојат историски факти.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера изјави дека претседателската резиденција веројатно ќе има повеќе да каже во врска со ова прашање во сабота, но не сакаше да изнесе повеќе детали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг