Погледнете како Русите ги уништуваат исламистите во Сирија: Во еден напад ликвидирани 200 џихадисти!

Точка

20/04/2021

13:28

8.303

Големина на фонт

а а а

Во нападот на руското воено воздухопловство на двете бази во близина на археолошкиот локалитет Палмира во Сирија, загинаа околу 200 џихадисти, соопшти заменик директорот на рускиот Центар за помирување на спротиставените страни во Сирија, Александар Карпов.

Тој додаде дека во нападот на руската армија биле уништени и 500 килограми муниција, како и значајна количина на оружје и компоненти за производство на експлозивни направи.

„Врз основа на разузнавачките податоци беше утврдено дека милитантите во близина на Палмира поставиле тајна база за обука на група за изведување на терористички напади во различни делови од земјата и производство на експлозивни направи“, изјави Карпов.

Тој откри дека џихадистите се подготвувале за изведување на терористички напади на владините институции во поголемите градови ширум земјата во пресрет на претседателските избори закажани за 26-ти мај.

Карпов нагласи дека милитантите се обучуваат на локации кои не ги контролира сириската влада, меѓу кои е и зоната Ал-Танф која е под контрола на војската на Соединетите Американски Држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг