Филипче: Почина млада пациентка, семејството е согласно да се донираат нејзините органи

Точка

16/04/2021

13:30

12.695

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

Во врска со починатото лице министерот Филипче изјави дека има согласност од нејзиното семејство за донација на нејзините органи.

Моментално се прават потребните проверки во однос на тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето, но и на бубрезите.

Ова е изјавата на Филипче:

„Денеска има млада почината пациентка, има согласност за донација на органите од семејството, сега се прават проверки дали може да се направи трансплантација на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти и во текот на денешниот ден сѐ ќе се заврши“.

Министерот Филипче додаде и дека на овој случај ќе работат истите тимови кои работеа на претходната трансплантација која беше спроведена во Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг