Истражување откри: Кај лицата кои не се физички активни постои поголем ризик за потежок облик и смрт од Ковид-19

Точка

16/04/2021

13:40

1.695

Големина на фонт

а а а

Кај физички неактивните лица заразени со коронавирус, два пати е поголема веројатноста да завршат во болница од оние кои се физички активни.

Меѓу заболените со коронавирус, претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголем ризик од смрт, покажа студијата во која учествуваа речиси 50 илјади испитаници заразени со коронавирус.

Кај луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред избивањето на пандемијата, била поголема веројатноста да бидат хоспитализирани, лекувани на оддел за интензивна нега и смрт, објавија научниците во студијата објавена во магазинот British Journal of Sports Medicine.

Како ризик за тежок облик на Ковид-19, физичката неактивност единствено ја надминаа возраста и доколку кај пациентот претходно бил трансплантиран некој орган, утврди студијата.


Во споредба со другите фактори на ризик, како што се пушењето, зголемената телесна тежина или покачениот крвен притисок, авторите на студијата заклучија дека „физичката активност е највисокиот фактор на ризик во сите исходи на болеста“.

Претходно, староста, дијабетисот и кардиоваскуларните болести беа најмногу поврзани со најтешките облици на коронавирусот, а физичката неактивност не беше опфатена во истражувањата и наведувана како фактор на ризик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг