Данска започна да ги враќа бегалците: Сосема е безбедно да се вратите во Сирија

Точка

15/04/2021

08:53

2.436

Големина на фонт

а а а

Данска стана првата европска земја која ги укина дозволите за престој на бегалците, инсистирајќи на тоа дека во некои делови од Сирија можат безбедно да се вратат.

На најмалку 189 Сиријци од минатата седмица им се одбиени барањата за обновување на статусот за привремен престој, што е потег кој данските власти го нарекоа „оправдан“ поради извештаите во кои се вели дека безбедносната ситуација во некои делови од Сирија значително се поправила.

Околу 500 луѓе со потекло од Дамаск и околните подрачја сега повторно се проценуваат од страна на данските власти.

Ова прашање го привлече вниманието на пошироката јавност откако 19-годишната Аја Абу-Дахер од Ниборг овој месец на телевизијата ја раскажа приказната за нејзиното семејство и со солзи во очите праша што направила лошо за да не може да остане во Данска.


Сепак, данските власти тврдат дека земјата постапила хумано кога одлучила да ги прими бегалците и да им помогне, а сега кога во најголемиот дел од Сирија ситуацијата е мирна, можат слободно да се вратат дома.

После 10 години војна, сирискиот претседател Башар Ал Асад повторно има контрола над најголемиот дел од Сирија, а борбите на фронтот се ограничени само на северниот дел од земјата.

Според организацијата "Refugees Welcome Denmark", на 30 Сиријци на кои им биле одбиени барањата за продлжување на дозволата за престој, веќе им е одбиена и жалбата на таквата одлука, но со оглед на тоа што Копенхаген нема дипломатски односи со Дамаск, не може директно да ги протера луѓето во Сирија.

Некои подносители на барања чии жалби биле одбиени сега се сместени во притворски центар, не можат да работат, ниту пак да добијат соодветна здравствена заштита, па на тој начин Данците ги приморуваат бегалците да се вратат дома.




Спонзорирани линкови

Маркетинг