'Измислена приказна': Откако во светот одекна веста дека Анистон посвојува дете, се огласи нејзиниот тим

Точка

14/04/2021

22:04

2.148

Големина на фонт

а а а

Изминатите неколку денови се прошири вест дека актерката Џенифер Анистон посвојува дете од мексикански дом за сираци, а денеска тоа беше демантирано.

Од тимот на актерката за односи со јавност, соопштено е дека 'таа приказна е измислена', пренесува „Cosmopolitan“.

„Гласините дека Џенифер е во процес на посвојување дете се лажни и тоа никогаш нема да се случи“, навел нејзиниот тим.

Да потсетиме, актерката во неколку наврати ги негираше гласините дека е бремена и дека ќе посвои дете, а во 2016-та година рече дека ѝ е доста од такви лажни вести и постојани прашања дали ќе биде мајка или не.


„Не сум бремена. Но, навистина ми е доста од вакви прашања. Настаните од минатиот месец ме натераа да сфатам дека всушност жената се вреднува според тоа дали е во брак и дали е мајка. Сами одлучуваме што е убаво кога се работи за нашето тело“, рече тогаш актерката.

Инаку, изминатите денови се зборуваше дека процесот за посвојување дете ќе биде завршен во јуни и дека таа вест ја споделила со колегите од серијата „Пријатели“ минатата недела на снимањето на специјалните епизоди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг