„Парче по парче ќе сечам“: Таткото на тепаното дете во Кочани се заканува со оружје, МВР трага по него

Точка

14/04/2021

21:05

7.423

Големина на фонт

а а а

Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упати сериозни закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Адвокатот кој го води случајот на претепаното дете во кочанско, за Точка: „Никој нема право да се изживува врз дете, уште помалку да го снима и објавува“

„Лично со ова (пиштолот), мозокот ќе им го извадам. Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор“, вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.

Од МВР велат дека го идентификувале лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

„Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Истата вечер, до пристигнување на полицијата, во населбата „Трајаново Трло“ каде се случил немилиот настан, роднини и соседи на детето со две возила пристигнале и започнале физички да се пресметуваат со мештаните. Повеќе лица од нападнатите биле повредени, а двајца со контузии на главата и еден со исеченици на лицето и рацете се пренесени во Итната медицинска помош. По укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

„Во врска со овие настани во ПС – Кочани приведени се 3 лица и извршен е службен разговор со 20 лица“, изјави за „Сител“ Гордана Панајотова, портпарол на СВР  Штип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг