"Спакувајте ја радиоактивната вода и пратете ја во Америка": Пекинг бесен поради одлуката на Јапонија која ја шокираше планетата

Точка

14/04/2021

20:31

6.419

Големина на фонт

а а а

Владата на Јапонија во понеделникот донела одлука големата количина на радиоактивна вода од нуклеарната електрана Фукушима да ја испушти во Тихиот океан во наредните две години, на што огорчено се противат локалните рибари, жители на околните места и владите на многу други држави, додека властите во САД, го поддржале Токио во таа намера.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи изнела нов предлог - Вашингтон треба да ја земе радиоактивната отпадна вода од Фукушима со оглед на тоа дека инсистира дека водата е доволно безбедна се излее во морето околу Јапонија.

Хуа Чунјинг, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Кина, на Твитер го изразила противењето на Пекинг на јапонските планови за испуштање на повеќе од милиони тони прочистена радиоактивна вода од нуклеарната електрана Фукушима во океанот.


"Јапонија и САД тврдат дека прочистената нуклеарна отпадна вода од нуклеарната електрана Фукушима е во склад со меѓународните безбедносни стандарди, па дури е и питка. Зошто тогаш таа вода не ја задржат за себе? Или, зошто не ја пратат во САД?", напишала портпаролката на Твитер и објавила пост во кој се вели дека водата штетно ќе влијае на здравјето на луѓето.

Таа додала дека би било подобро да постои меѓународна проценка за безбедноста на нуклеарната отпадна вода од Јапонија пред некој да може да ја користи.

Радиоактивната вода се складира во нуклеарната електрана Фукушима Даичи од 2011-та година, кога реакторите биле отштетени во земјотрес и цунами, а контаминираната вода за ладење на реакторите почнала да тече.

Токиската електро компанија (TEPKO), која управува со Фукушима, соопштила дека до крајот на наредната година ќе бидат пополнети капацитетите за складирање на радиоактивна вода, а премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга оценил дека испуштањето на загадената вода во Тихиот океан е најреална и неизбежна опција.


Во вторникот Пекинг ги нарекол властите во Токио крајно неодговорни и повикал на консултации со соседните земји и релевантни страни. Јужна Кореја исто така протестирала против таа одлука, а Русија поради тоа изразила загриженост.

"Изразувајќи сериозна загриженост, очекуваме владата на Јапонија да покаже соодветен степен на транспарентност и да ги извести заинтересираните земји за своите акции, кои може да предизвикаат радијација", се наведува во изјавата на Марија Захарова.

Американската администрација единствена искажала поддршка за одлуката на Владата на Јапонија да ја испушти контаминираната, радиоактивна вода од нуклеарната електрена Фокушима во Тихиот океан, со оценка дека таквата одлука е во склад со глобалните безбедносни стандарди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг