Затвореници во сопствената земја: Дури и ако сите се вакцинирате, не гарантираме дека ќе ги отвориме границите

Точка

14/04/2021

19:55

3.415

Големина на фонт

а а а

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант изјави дека „нема никакви гаранции“ дека таа држава ќе ги отвори своите граници дури и откако сите жители би ја примиле вакцината против коронавирусот.

Како што појасни Хант, одлуката за затворање или отворање на границите се темели на низа на фактори кои властите мораат внимателно да ги проценат.

„Вакцинирањето не е никаква гаранција за отворање. И тоа е дел од дебатата која ја имав со професорот Марфи во изминатите 24 часа, дека дури и кога целата земја би се вакцинирала, дека не можете само да ги отворите границите“, изјави Хант на прес-конференцијата.

„Мораме да проучиме цела низа на фактори - пренос, долгорочност и глобален учинок. А, тоа се фактори кои целиот свет сега ги учи“, појасни австралискиот министер.


Хант сепак најави можност за воспоставување на нови „меури“ за патување - локации со кои Австралија би воспоставила обостран договор за укинување на потребата на карантин за патниците. Еден таков меур би требало да стапи на сила на 18-ти април оваа година помеѓу Австралија и Нов Зеланд.

„Потоа, ќе гледаме кон другите држави во подрачјето на Тихиот океан и во регионите кои имаат ниска стапка на пренос“, изјави Хант.

Австралискиот министер најави и планови државата да започне наскоро да се отвора меѓу сопствените сојузни држави и региони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг