Samsung Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip 2 пристигнуваат во јули

Точка

13/04/2021

16:34

1.432

Големина на фонт

а а а

Со пристигнувањето на Galaxy S21, јужнокорејската компанија го забрза својот распоред на претставувања на новите модели, па така се очекува порано да пристигне и Z серијата.

Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, Samsung во јули ќе ги претстави новите модели Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip 2.

Според најновите информации, двата уреди ќе добијат LTPO екрани со селфи камери под екранот, а ќе поддржуваат и S-Pen пенкало.


Моделот Galaxy Z Fold 3 ќе има две батерии со вкупен капацитет од 4,380 mAh што е помалк во однос на батеријата на моделот Galaxy Z Fold 2 чиј капацитет изнесува 4,500 mAh. Меѓутоа, помалата батерија ќе овозможи уредот да биде потенок и полесен.

Покрај тоа, Z Fold 3 ќе има 7,55-инчен главен панел во однос на 7,6-инчниот кој го има Z Fold 2.




Спонзорирани линкови

Маркетинг