Во светските медиуми одекна веста за неефикасноста на кинеските вакцини – но, која е вистината?

Точка

13/04/2021

09:11

3.960

Големина на фонт

а а а

Фу Гао е шеф на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, а светските медиуми во саботата го пренеле неговото наводно „признавање“ дека ниту една кинеска вакцина не е ефикасна.

Тоа предизвика паника во земјите каде што веќе се користи една од кинеските вакцини, меѓу кои најприсутна е „Синофарм“.

Дали кинеските високи функционери признале дека нивните вакцини се „неефикасни“, како што пренесоа светските медиуми и дали тоа треба да ги загрижи граѓаните кои што примиле некоја од тие вакцини?

Одговорот на ова прашање, накратко гласи - не!

Поопширниот одговор на ова прашање покажува и колку е важно прецизно и внимателно да се пренесуваат информациите за вакцините.


Што всушност изјавил Фу Гао?

Всушност, Гао не признал ништо, а особено не дека кинеските вацини се неефикасни, пренесува српски „Блиц“.

Тој изјавил дека општо познат е фактот дека ефикасноста на кинеските вакцини, произведени со традиционалната фармацевтска технологија - „не е висока“ во споредба со вакцините за чие производство се користи најмодерната mRNK технологија.

Тоа за „South China Morning Post“ го потврдил и Лин Тао, кинески експерт за вакцини. Тој објаснил дека Гао ја споредил вакцината која содржи неактивни фрагменти од вирусот, со современите mRNK вакцини, како што е Фајзер.

И навистина, не е тајна дека вакцината Синофарм има ефикасност од околу 75 отсто, додека пак кај вакцината Фајзер таа ефикасност е над 95 отсто, што е огромна разлика.


„Новите антитела кои што ги генерираат нашите (кинески) вакцини се со пониско ниво отколку кај mRNK вакцините. Поради тоа природен е заклучокот дека нашите неактивни и аденовирус вакцини имаат помала ефикасност отколку mRNK вакцините“, вели Тао.

Инаку, Тао кој што е експерт за вакцини вели дека моментално се разгледуваат начини за тоа како може да се подобри ефикасноста на кинеските вакцини кои како што кажавме се произведени со традиционални фармацевтски методи.

Една од опциите која што се разгледува е таа што луѓето кои што примиле две дози од вакцината Синофарм, во иднина треба да примат и трета доза, но таа доза да биде од некоја друга вакцина.

„Сепак, вакцинацијата треба да продолжи во полна пареа. Не треба да чекаме да дојдат некои „совршени вакцини““, изјавил Тао. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг