5 финти како станот секогаш да ви изгледа уредно: Од купатило до ходник, сè ќе биде 'под конец'!

Точка

12/04/2021

20:38

4.560

Големина на фонт

а а а

Без разлика колку убаво сте го наместиле станот, пријатна атмосфера ќе постигнете само ако е уреден и среден.

Еве неколку финти и трикови кои не чинат многу, а ќе направат вашиот стан секогаш да изгледа средено.

Купатило како во хотел

Сите сакаме светли и уредни купатила, но во исто време и сè да нѝ биде на дофат. Опремете се со теглички, кутии и корпи со разни големини.


Искористете го просторот под масата

Плетената корпа одлично изгледа и во дневната соба. Можете да ја користите за да ги ставите вишокот перници, кебиња, папучи или весници.


Ставете корпа во спалната соба

Дали секогаш се прашувате 'Што со оние украсни перници и прекривка за кревет?' кога ќе си легнете? Една корпа и дрвена скала се решението.


За тесен ходник бирајте отворени полици

Отворените полици се идеални за ходник, особено ако е тесен. Лесно се достапни, а ќе постигнете ред со разни кутии. Ќе знаете каде ви се ракавиците и марамите, а уредниот ходник делува поголемо и попријатно.


Персонализирајте го орманот

Класичните гардеробери се веќе видени. Додадете некоја полица која одговара на работите кои ги имате, ако не ви требаат стандардни тесни полици, додадете шипка за закачалки, кутии за ситни работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг