Ова се добитниците на наградата БАФТА: Победници на вечерта се Клои Жао и „Nomadland“

Точка

12/04/2021

18:15

1.709

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер беше одржано 74-то доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), а најмногу признанија доби режисерката Клои Жао и нејзиниот филм „Nomadland“.

Наградата БАФТА за најдобар филм ја доби „Nomadland“, а режисерката на овој филм, Клои Жао, победи во категоријата Најдобар режисер/ка. Освен тоа, ова остварување е наградено и во категоријата Најдобра кинематографија.

Најдобар странски филм е „Another Round“, а за најдобар анимиран филм е прогласен „Soul“. Наградата за најдобар документарен филм ја доби остварувањето „My Octopus Teacher“. Признанието за најдобро оригинално сценарио му е доделено на филмот „Promising Young Woman“, а наградата за најдобро адаптирано сценарио му припадна на филмот „The Father“.

Наградата БАФТА за најдобра главна машка улога ја доби Ентони Хопкинс за неговата улога во „The Father“, а за најдобра женска улога беше одбрана Франсис Мекдорманд за филмот „Nomadland“.

Во категоријата Најдобра женска споредна улога победи Ју-јунг Јун, а во категоријата за машка – Даниел Калуја.

Целосната листа на добитници погледнете ја на следниот линк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг