Светот во паника, нѝ пристигнува 'супер-корона': Новиот сој на вирусот во основа е бразилски, но содржи 18 други варијации!

Точка

12/04/2021

21:01

7.361

Големина на фонт

а а а

Новата супер варијанта на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 различни мутации, вклучувајќи ги т.н. соеви од Бразил, Британија и Јужна Африка.

Според извештаите на локалните медиуми, научник од јужноафриканска земја потврдил дека новиот вид, кој за првпат бил откриен во градот Бело Хоризонте, содржи многу познати мутации.

„Има заеднички карактеристики со варијанти кои веќе циркулираа во Бразил, но има и нови карактеристики“, рекол Ренато Сантана, виролог од Федералниот универзитет во Минас Гераис, за локалниот дневен весник „G1“.

„Како сите овие варијанти да еволуирале“, рекол Сантана, додавајќи дека новата варијанта ги вклучува истите гени модифицирани од бразилскиот Манаус, позната како 'P1', британската и јужноафриканската варијанта.

Иако нагласил дека е прерано да се каже дека новиот сој е позаразен и посмртоносен, Сантана рекол дека тој има карактеристики на оние варијанти кои се веќе поврзани со поголем ризик од смрт.

Во Бразил се забележува брз пораст на заразени од Ковид-19 во последните неколку недели, а Сантана рекол дека брзорастечкиот број на тешко болните би можел да биде поврзан со различни мутации кои моментално циркулираат во Бразил и пошироко.

Тој наводно рекол дека релативно бавната вакцинација 'го забрзува појавувањето на нови варијанти, бидејќи континуираното ширење на вирусот овозможува тој да биде 'поотпорен' на откривање и заобиколување на антителата, бидејќи имунолошкиот систем го гледа само оригиналниот вид', посочил Сантана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг