Девојката на Илон Маск ја покажа чудната тетоважа: „Сега имам прекрасни вонземјански лузни“

Точка

12/04/2021

15:30

5.044

Големина на фонт

а а а

Грајмс, девојката на Илон Маск, ја покажа најновата тетоважа за која што тврди дека се лузни од вонземјани.

Тетоважата за која што Грајмс тврди дека е од „вонземјанско“ потекло, го покрива нејзиниот цел грб.

Инаку, како што знаеме, Илон Маск заедно со Грајмс (33) минатата година го доби синот X Æ A-12, а младата мајка се пофали дека лузните на нејзиниот грб се всушност - тетоважа.

Нејзината фотографија таа ја споделила со 1,7 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Тетоважата ѝ започнува од рамениците, па се спушта низ целиот грб надолу.

„Целиот грб со бело мастило @tweakt и добивме помош од вонземјанскиот мозок по пат на компјутер“, напишала Грајмс.

„Толку многу боли што не можам да направам подобра фотографија и не знам како ќе спијам. Ќе биде црвено неколку седмици, но сега имам прекрасни вонземјански лузни. На сите им посакувам убав ден“, заклучила младата Грајмс.

Нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм веднаш коментирале дека имаат впечаток дека вонземјанската тетоважа делува како „многу болен процес“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг