Јокиќ: МВП? Повеќе би сакал да освоиме шампионски прстен

Макфакс

12/04/2021

14:29

1.157

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ дојде до уште еден трипл-дабл во оваа сезона (17 поени, 10 скокови и 11 асистенции), меѓутоа тој него учинок овојпат не беше доволен за позитивен резултат на Денвер Нагетс кој во својот дом беше поразен од Бостон Селтикс со 105:87.

Денвер се заглави во последниот период, даде само 8 поени (31-8) и тоа максимално беше искористено од Селтикс.

- Тоа беше само натпревар, се обидовме да победиме. Не бев фрустриран, беше обичен ден за мене, -истакна Јокиќ.

- Ние сакаме да имаме предност од домашен терен во плејофот и ќе биде тешко затоа што има многу силни тимови на Западот, сите екипи играат добро. Секој има шанса и не е лесно никого да се победи. Ќе биде интересно до крајот на сезоната и ќе ни помогне многу доколку ја имаме предноста на домашниот терен, -дополни центарот кого многумина го споменуваат како фаворит за наградата МВП.

- Ако се случи, ќе се случи. Сигурно е голема работа, но повеќе сакам да го освоиме прстенот. Ќе видиме. На некој начин ми е свеедно. Се обидувам да не размислувам за тоа, - порача првата ѕвезда на Денвер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг