Метју Пери објави фотографија од снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“, па доби 30 илјади лајкови за 1 минута

Точка

12/04/2021

13:58

2.105

Големина на фонт

а а а

Судеjќи според фотографијата која што Метју Пери ја објaвил на својот Инстаграм профил, снимањето на посебната епизода од серијата „Пријатели“ конечно започнало.

Имено, Метју кој што во серијата ја толкува улогата на Чендлер Бинг, објави фотографија од зад кулисот додека се подготвувал за снимањето.

„Неколку секунди пред да ја изедам четката за шминкање. Да не ја спомнувам средбата со Пријателите“, напишал под фотографијата која што за само неколку минути добила речиси 30 илјади лајкови, но актерот набрзо ја избришал истата од својот профил.


На почетокот на месец март Дејвид Швимер кој што ја толкува улогата на Рос Гелер во серијата, во гостување во една емисија открил дека снимањето на новaта епизода ќе започне во месец март.

Да ве потсетиме, собирањето на Пријателите поради снимањето на специјалната епизода беше одложено неколку пати досега поради пандемијата на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг