Само таа може да носи ваков фустан на 53 години: Никол Марфи уште еднаш докажа дека изгледа феноменално

Точка

12/04/2021

12:27

7.223

Големина на фонт

а а а

Чекори во 6-та деценија од животот и има совршена фигура – Никол Марфи, поранешната сопруга на актерот Еди Марфи, може без проблем да носи парчиња кои не би се осудиле да ги носат ниту двојно помлади жени.

Таа напорно вежба за да има затегнато тело и ја користи секоја прилика да ја истакне витката фигура.


Папараците ја фотографирале Никол на една бензинска станица во Лос Анџелес, а штом фотографиите го видеа светлото на денот, пофалбите на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да се нижат.

Никол Марфи овојпат избрала краток црн фустан – сосема едноставно, но многу моќно парче кое може да се носи во многу прилики. Фустанот го искомбинирала со впечатливи високи потпетици во црвено-бела боја со што заслужува чиста 10-ка за стајлингот кој ретко која жена може волку добро да го изнесе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг