Тропската бура Сероха на западот на Австралија уништи голем број на куќи, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, соопштија денеска локалните власти.
Околу 70% од куќите во крајбрежниот град Калабрија претрпеле оштетување, од кои 30% од нив имале „значителни оштетувања“, изјави комесарката на службата за итни ситуации на Западна Австралија, Дарин Клем.
Локалните власти потврдија дека се отворени три центри за сместување на евакуираното население.
„Ситуацијата на западот на Австралија е многу сериозна“, изјави премиерот на Австралија, Скот Морисон кој нагласи дека федералната влада го активирала планот за вонредни ситуации.
Во меѓувреме опадна интензитетот на тропската бура, а ќе продолжи да опаѓа и денеска. Сепак, властите предупредуваат дека силните ветрови и обилните врнежи и натаму претставуваат потенцијална опасност.