Војна? Песков: Има провокации, доаѓа до возвратен оган

Точка

11/04/2021

14:48

3.981

Големина на фонт

а а а

Никој не планира да оди во војна против Украина и никој нема да прифати било каква можност за таква војна, изјавил Дмитриј Песков.

Песков нагласил дека "исто така никој не прифаќа можност за граѓанска војна во Украина".

Тој додал дека во Донбас не се почитува Минскиот договор и доаѓа до интензивирање на провокативни акции од страна на Вооружените сили на Украина.

"Во Донбас постои ситуација да не се почитуваат Минските договори. И во Донбас постои ситуација поврзана со зголемени активности на провокативни дејствија на Вооружените сили на Украина. Односно, се случуваат провокации, доаѓа до возвратен оган на овие провокации", навел Песков.


Портпаролот додал дека со оглед на тоа дека постои голема тензија, не се случува деескалација, и дека "тогаш таквите провокации може преку ноќ да го разгорат огнот и да прераснат во вооружен судир. Поради тоа сите постојано зборуваме за нашата загриженост", нагласил Песков.

Песков повторил дека Русија никогаш не била страна во судирот во Донбас, но дека нема да остане рамнодушна кон судбината на Русите кои живеат таму.


"Русија никогаш не била страна во овој судир. Но Русија секогаш зборува дека нема да остане рамнодушна кон судбината на говорниците на рускиот јазик кои живеат на југоистокот на земјата", прецизирал портпаролот.

Украинските власти во април 2014-та година започнале воена операција против самопрогласените Доњецка и Луханска народна република, кои прогласиле независност по државниот удар во Украина во 2014-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг