"Ова е глупав Дизниленд": Маск конечно го отворил тунелот во кој ќе може да се патува со 250 километри на час, но патниците добиле само впечатливи бои

Точка

11/04/2021

13:12

8.881

Големина на фонт

а а а

Компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, "Боринг", конечно го претставила долго најавуваниот подземен тунел во Лас Вегас низ кој автомобилите би требало да возат со 250 километри на час, меѓутоа јавноста не е многу воодушевена.

Кога Маск го опишувал тунелот кој би пренесувал патници под центарот "Конвенш" во Лас Вегас, и тоа со автономните електрични возила на Тесла, со неверојатна брзина, звучело како да станува збор за научно фантастичен филм.

Системот е дизајниран така што во еден час може да транспортира повеќе од 4.000 луѓе, така што 15-минутно одење ќе биде заменето со двоминутно возење.

Меѓутоа, на конечното отворање на "Вегас Луп", низ тунелот минувале обични автомобили на Тесла, без да надминат брзина од 60 километри на час, што прилично ги разочарало посетителите, пренесува "Daily Mail".

Сепак, се блеска во впечатливи бои. Не е јасно дали овој транзитен центар во иднина ќе се претвори во нешто повеќе, бидејќи компанијата се уште не се огласила.

"Глупавиот тунел на Маск сега е најглупавата работа во Лас Вегас", навел порталот "Јалопник".

"Минт" пренесува дека возењето личи како тие во забавните паркови.


Возењето е кратко, а околу вас пулсираат бои. Претставен е систем кој може да ги пренесе патниците со брзина од околу 60 км/ч. Патниците на станицата ги дочекува "Тесла" возило, а во секое има по три места, наместо пет, поради пандемијата на коронавирусот.

Возачите кои се пријавиле за оваа работа морале да минат низ неопходни тестови, вклучувајќи и тестови за возење, а биле и обучени на различен број на можни сценарија, како пукање, закани со бомби, па дури и рушење на тунелот.


Еден од возачите рекол дека работата му се допаѓа, а платен е 17 долари по час.

Иако поединци возењето го опишале како "глупава верзија на Дизниленд", многумина се надеваат дека ова е само пробна фаза и дека наскоро во тунелот ќе може да се патува со 250 километри на час, што навистина би донело новини во сообраќајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг