Роберто Кавали (80) на 47 години помладата девојка за роденден ѝ купил остров

Точка

10/04/2021

21:57

7.027

Големина на фонт

а а а

Познатиот италијански моден креатор, Роберто Кавали, ужива во љубовта со многу помладата избраничка.

Покрај богатата модна кариера, Кавали има и бурен љубовен живот. Се венчал двапати, има пет деца, а и покрај годините кои ги има денес, ужива во љубовта како во младоста.


Поради врската со Лина Нилсон, која е 47 години помлада од него, се соочувал со многу осуди. Со Лина е во врска од 2008-ма година, често одмораат на лускузни дестинации, пловејќи со јахти, а нивните романтични моменти папараците често успеваат да ги 'уловат'.


Кавали често ѝ подарува луксузни подароци, а за роденденот, како што се пишувало во странските медиуми, ѝ купил приватен остров во нејзината родна Шведска, за кој издвоил 2 милиони фунти. На островот има 4-собна вила, базен, терен за голф, но и остатоци од викингшки тврдини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг