Детали за погребот на принцот Филип: Ќе биде емитуван на телевизија, а еве зошто Хари ќе присуствува без Меган!

Точка

10/04/2021

22:38

5.821

Големина на фонт

а а а

Погребот на принцот Филип ќе се одржи следната сабота и ќе биде емитуван на телевизија во чест на 'огромниот допринос на трајниот наследник', пренесува „Скај њуз“.

На граѓаните нема да им биде дозволено да присуствуваат, бидејќи церемонијата е прилагодена согласно ковид мерките, но националната минута за молк ќе се одржи 15 часа пред почетокот на погребот во капелата.

Церемонијата ќе се одвива во рамки на замокот Виндзор, а телото на војводата од Единбург ќе биде пренесено на западните скали во „Ланд Ровер“, дизајнирани од самиот принц.


Принцот Хари ќе допатува на погребот од својот дом во САД, додека за неговата бремена сопруга Меган, патувањето не е препорачливо.

Уште не се знае остатокот од листата на гостите, а ќе биде дозволено присуство на само 30 луѓе.

Премиерот Борис Џонсон ја одобрил препораката за период на национална жалост до следната сабота, навеле извори за „Скај њуз“ од Бакингемската палата.


Кралското семејсто ќе биде во жалост две недели, до 22-ри април. Принцот Филип, во согласност со неговите желби, нема да има државен погреб, кој обично е резервиран за монарси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг