Модно парче број 1 за лето: Практично и погодно за сите прилики, со него ви треба само добра чанта

Точка

10/04/2021

19:06

2.886

Големина на фонт

а а а

Иако моментално не е така, температурите наскоро ќе започнат да растат и најпосле ќе ги отфрлиме зимските капути и џемпери и ќе ги замениме со полесни материјали.

Припремите за првите топли денови на градскиот асфалт и летото воглавно, полека можат да почнат. Во продавниците, асортиманот е веќе прилагоден кон летното расположение, па се промени и палетата на бои и изборот на материјали – весели нијанси, лен, торби за на плажа, фустани во сите свои варијанти...

А кога станува збор за најдобрата алтернатива на летните фустани, тоа секако се комбинезоните кои се подеднакво сестрани. Својата популарност ја стекнаа пред неколку години и оттогаш ниту една летна сезона не исчезнаа од сцената – само се менуваат најпопуларните модели.

Оваа година повторно ќе бидат во тренд „utility“ комбинезони кои потсетуваат на работнички униформи, но и предимензионирани модели од крут памук со широки ногавици кои одлично изгледаат во секојдневните комбинации.

Со патики, сандали, апостолки или било кои други летни чевли, комбинезоните можат да бидат клучен дел од формулата за стајлинг во кои ќе се чувствувате пријатно и ќе изгледате одлично. Сè што ви е потребно е само една добра чанта и спремни сте за сите прилики!



Спонзорирани линкови

Маркетинг