Шарл Мишел: Не спијам добро поради сцената од состанокот со Ердоган

Макфакс

10/04/2021

16:04

6.503

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел чувствува непријатност поради инцидентот поврзан со распоредот за седење на состанокот одржан во Анкара оваа недела, пишува германскиот весник, „Ханделсблат“.

Урсула Вон дер Лајен, првата жена претседателка на Европската комисија, беше изненадена од состанокот кога сфати дека Мишел го зазеде единственото слободно место покрај турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а таа остана на каучот.

На видеото се гледа како претседателката седи на каучот и е далеку од своите машки колеги. Нејзиното незадоволство можеше и да се види и чуе, а Шарл Мишел не реагираше, туку седна со Ердоган на едно од двете подготвени столчиња.

„Оттогаш не спијам добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека би ја поправил ситуацијата кога би можел да го врати времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг