Ги „засенила“ и сестрите Џенер: Необичниот пролетен мал црн фустан по вкусот на Меган Фокс ги воодушеви модните критичари

Точка

10/04/2021

15:00

6.899

Големина на фонт

а а а

Иако забавата која вчера била одржана во Холивуд собрала на едно место голем број познати убавици, сепак сите нив успеала да ги „засени“ Меган Фокс.

Актерката која што сите ги маѓепса со улогата во франшизата „Трансформери“ и години подоцна продолжува да нè воодушевува со својата убавина, а во последно време тоа успешно го прави со своите модни избори.


Откако е во врска со раперот Машин Ган Кели, убавата Меган Фокс сè почесто ја гледаме на фотографиите кои ги прават папарацо фотографите, па имаме увид во нејзиниот секојдневен стил, а сега имаме можност да ја видиме оваа убавица во стил за ноќно излегување.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Стајлинг за чиста 10-ка: Меган Фокс во пролетно тренди издание кое дамите со задоволство би го копирале


Познатиот пар, држејќи се за рака, пристигнал во клубот „The Nice Guy“ во Лос Анџелес каде што и покрај пандемијата на коронавирусот во музиката уживале светските ѕвезди.

Меѓу нив биле и сестрите Кајли и Кендал Џенер, но секако дека Меган успеала да ги „засени“ сите, па поради тоа денеска доминира во сите модни портали.


Додека нејзиното момче избрало да носи сино-виолетово одело, актерката се определила за асиметричен црн мини-фустан со долги ракави, кој што на некои места е полу-проѕирен, а истиот го комбинирала со жолти сандали и црна рачна чанта.


Толку едноставно, а елегантно!



Спонзорирани линкови

Маркетинг