„Спутник V“ ќе штити доживотно? Творците на руската вакцина дадоа интересна изјава...

Точка

10/04/2021

15:03

9.651

Големина на фонт

а а а

Во Русија масовната вакцинација против коронавирусот започна на 18 јануари.

Шефот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург, се надева дека вакцинацијата со руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, гарантира доживотен имунитет, пренесува „Србија Данас“.

„Се надевам дека вакцината ќе делува, не само во временски период од една година или две, туку доживотно. Се вакцинирав двапати, па ете, ќе поживеам пет, десет години подолго“, изјавил Гинзбург.

Академикот се пошегувал дека „своите антитела ќе ги впише во тестаментот на своите потомци“.

Според неговите зборови, во рамките на специјалното тестирање на луѓето кај кои што опаѓа нивото на антитела, планирана е повторна вакцинација за да се провери колку време е потребно повторно да се формира неопходното ниво на антитела.


„Доколку кај нив антителата варираат на ниво кое штити два, три, четири дена, значи дека им се образувале мемориски клетки, односно по првата вакцинација сочуван е нивниот имун одговор. Тоа испитување ќе го спроведеме за една година, до година и пол“, прецизирал тој.

Инаку, Русите воглавно вакцинираат со првата регистрирана вакцина против коронавирусот на светот „Спутник V“ која што досега е одобрена за итна употреба во 59 земји ширум светот, со вкупна популација од над 1,5 милијарда луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг