Се најде на насловната страна на британскиот магазин „Condé Nast Traveller“: Хрватскиот остров хит среде пандемија

Точка

10/04/2021

14:05

2.886

Големина на фонт

а а а

Дуги Оток станува центар на светот судејќи по третманот кој што го добил од американското списание за патување, но и поради тоа што токму тој е избор за идното снимање на холандското ријалити шоу „Ecpeditle Robinson“.

Директорката на туристичката заедница „Сали“, Ивана Чориќ, не ја изненадило тоа што Дуги Оток се промовира како остров за наутика и еколошки туризам со оглед на тоа што е преполн со природни волшепства кои што гостите ги откриваат и уживаат во нив.

Богатството на природата е тоа што го одбележува овој задарски остров, од пештери, паркот на природата, Соленото езеро, прекрасните плажи...

Поради сето тоа овој остров се нашол на насловната страница на списанието „Condé Nast Traveller“ за априлскиот број кој повикува на пловење по овој остров.

Инаку, тоа е најголемиот остров на задарскиот архипелаг и истиот ќе биде предизвикувачки терен за споменатото холандско ријалити шоу чија тема е снаоѓање во природата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг