Скандал во Италија: Медицински работници направиле група на „Фејсбук“ против вакцинација, смислуваат начин за да го заобиколат законот

Точка

10/04/2021

18:50

3.990

Големина на фонт

а а а

Затворената група на „Фејсбук“ во која членувале медицински работници била направена на 28-ми март и брои дури 18 илјади членови.

Половина од членовите на „Но-Вакс“ се вклучиле во последните седум дена, а бројката константно расте. На оваа „Фејсбук“ група доктори, медицински сестри, психолози и техничкиот медицински персонал се советувале како со помош на адвокати да го заобиколат законот кој им наложува на медицинските лица задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Полицијата го истражува случајот, а како што пренесуваат италијанските медиуми, посебно вознемируваат предлозите на некои од членовите со масовен изостанок од работа, посебно од болничките одделенија, властите да се принудат да отстапат или да ја променат одлуката за задолжителна вакцинација.


Креаторите на групата планираат на 21-ви април да организираат големи протести во Рим под мотото „само обединети, победуваме“.

Според италијанскиот закон, задолжително е медицинскиот персонал да се вакцинира против коронавирусот, а тие кои што ќе одбијат би можеле да бидат преместени на друга работа или да добијат отказ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг