Американски воени бродови се движат кон Црното море: Путин веднаш му се јавил на Ердоган

Точка

10/04/2021

14:15

5.632

Големина на фонт

а а а

Идната седмица во водите на Црното море ќе пристигнат два воени бродови на американската воена морнарица, а оваа информација вчера ја потврдија турските власти со оглед на тоа што бродовите ќе поминат низ Босфорот.

Од Пентагон не дадоа официјален коментар во врска со ова, но портпаролот Џон Кирби изјави дека тоа „не е ништо невообичаено“.

Но, факт е дека американските воени бродови пристигнуваат во период кога значително се зголемени тензиите помеѓу Русија и Украина, а американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена телефонски разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Бајден на Зеленски му порача дека САД ќе бидат на страната на Украина која се спротиставува на руската агресија, а непосредно после разговорот Зеленски изјави дека сака Украина да стане членка на НАТО Алијансата.


Дека Русија будно го следи движењето на американските воени бродови покажува и фактот дека вчера телефонски разговарале рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Путин притоа на Ердоган му нагласил дека е важно Турција да ја почитува Конвенцијата од Монтре со која се регулира бројот на странски воени бродови кои смеат да преку Босфор и Дарданели да влезат во водите на Црното море.




Спонзорирани линкови

Маркетинг