Англиската поп пејачка некогаш го привлекувала вниманието на сите мажи, но очигледно дека сега целосно е заборавена.
Ким Вајлд (60), пејачка, диџеј и телевизиска водителка, била неверојатно популарна во текот на 80-тите години.
Нејзиниот прв албум доживеал успех во 1981 година, а песната „Kids in America“ била на второто место на сите плејлисти во Англија.
Во 1983 година таа добила награда за најдобрата британска женска соло изведувачка.
Во текот на 80-тите и 90-тите години добила над 10 награди за најдобра пејачка во Англија, Германија, Шведска и Холандија.
Ким е позната и како „најстарото дете на рокенролот“, а со музика започнала да се занимава кога имала само 21 година.
Таа го држи рекордот како најценетата британска соло изведувачка. И бројни други уметници изведувале обработки од нејзините песни во различни верзии, од поп, рок, денс, па до метал. Таа исто така инспирирала многу уметници и тоа успева да го прави до денес.
Последниот студиски албум „Here Come the Aliens“ го објавила во 2018 година и тоа воедно бил нејзиниот 14-ти албум во кариерата.
Најавено е и нејзиното учество на рок фестивалот кој што треба да се одржи во јуни. Настанот е организиран и е осмислен како собир на ѕвездите од 80-тите години.
Ким отсекогаш ги фасцинирала мажите, како со својата убавина, така и со репутацијата на рок ѕвезда.
Се проценува дека поседува богатство од околу 20 милиони евра. Многумина ја фалат поради тоа што и натаму не се откажала од музиката, настапите и компонирањето, а поради тоа што била „диско ѕвезда“ на 80-тите, тој дух и однос кон музиката го задржала и денес.