Пејачката ја знаеме по славниот надимак, но конечно ја дознаваме вистината: Дали знаете кој и кога прв ја нарекол Џеј Ло?

Точка

09/04/2021

21:10

4.029

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез (51), својот надимак Џеј Ло го користи на социјалните мрежи и со години е нејзин заштитен знак, по кој е препознатлива.

Надимакот ѝ го дал покојниот рапер Хеви Ди, кој доаѓајки во студио за да го снима нејзиниот прв албум „On the 6“ од 1999-та година, ја нарекол Џени-Ло, Џенифер-Ло или Џеј-Ло, открила пејачката за американски магазин.

Својот втор албум од 2001-ва година го нарекла токму така, Џеј Ло.

„Верувам дека тогаш јавноста го 'прими'“, рекла пејачката.

Актерката Џуди Грир, која глумела со Лопез во 2001-ва година, исто така се потсетила на славниот надимак.

„На снимањето сите ја викаа Џен-Ло, надимакот Џеј Ло уште не постоеше. Сакам да мислам дека сето тоа почна таму, во тоа студио во Калифорнија. Сигурна сум дека не е така, но можам да се правам дека сум била таму на самиот почеток“, рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг