BMW: Нема да има M4 Gran Coupe

Точка

09/04/2021

20:10

1.683

Големина на фонт

а а а

Управата на баварскиот бренд не верува дека постои побарувачка за овој модел.

Роберт Пилсл, еден од раководителите во М одделението задолжено за М3 и М4, потврди дека нема да го видиме моделот M4 Gran Coupe.

„Во овој момент не гледаме потреба за таков автомобил. Мислам дека имаме многу добар микс со лимузини, купе и каравани“, изјави Пилсл и потврди дека Series 4 Gran Coupe ќе остане без М верзијата, иако сите останати „тројки“ и „четворки“ ги добија перформантните верзии.


Пилсл додаде дека развојот на M3 Touring е нешто подолг кај останатите М автомобили, а причината за тоа е што станува збор за караван.

„Некое време не сме направиле перформантен караван, тоа ни задаваше мали проблеми. Не можеме само така да создадеме нова каросерија, од нашиот караван се очекува исто ниво на перформанси и динамика на возење како и кај купето или лимузината“, изјави Пилсл.




Спонзорирани линкови

Маркетинг